Тетовец измамил жена од Косово за 732 евра

Жена од Косово била измамена од Е.В.(45) од Тетово.

Според пријавеното во МВР, во текот на минатиот месец, во комуникација преку социјалните мрежи, тој ѝ ветил дека ќе ѝ среди во Скопје да полага испит по германски јазик согласно законските прописи и, откако се договориле, таа преку брз трансфер на пари му уплатила 732 евра.

Откако последните денови не им се јавувал, тие сфатиле дека биле измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
Следна вестСкопјанец ги нападнал сопругата и малолетната ќерка, па кршел по дома