Тетовец најден починат во соба во Гостивар

Педесет и деветгодишен тетовец бил најден починат во соба во Гостивар. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител.

– Вчера во 18.35 часот било пријавено дека во Гостивар, во соба од објект каде престојувал под кирија, бил пронајден починат Џ.Б.(59) од Тетово. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, објави МВР.

Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Претходна вестСкопјанка го пријавила поранешниот сопруг дека се соблекол пред нивните малолетни деца
Следна вестЕлмас доби специјален подарок од Наполи – „Златното стапало на Марадона“