Тетовските пензионери половина час го блокираа влезот во градот, бараат зголемување од 5.000 денари

Влезот во Тетово утринава од 9 чесот беше блокиран од страна на тетовските пензионери кои бараа поголеми пензии. На протестната блокада којашто траеше половина час на крстосницата на булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“ тие побараа минимална пензија од 20 илјади денари и линеарно зголемување од 5000 денари.

– Владата не запоставува. Не не ни качува нашите пензии, за нивните 78 отсто има пари. Сега најавуваат и по 400 евра дополнително да зголемат плати. Имаат провизии, апанажи, гориво без пари. А нас пензионерите не понижуваат. До кога вака со 12 илјади денари пензија. Ни за лекови, нема за храна. Доаѓа зимата нема за греење, струја треба да плаќаме, изјави еден пензионер.

Пензионерите најавија дека во вторник 17 октомври повторно ќе имаат јавен протест и ќе го блокираат истото место.

Претходна вестМакедонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска
Следна вестНека поскапат: И онака веќе не ни требаат антидепресиви!?