Присуство на посебен Тим за санкции од Вашингтон, САД, во Македонија објави денеска американската амбасадорка во наша земја Анџела Агелер. Во објавата на нејзиниот прифил на социјална мрежа Твитер таа наведе дека целата е во Македонија да има повеќе истраги и гонење за корупција.
-Тимот за санкции од Вашингтон е тука заради поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот, напиша Агелер на Твитер.
Агелер пред неколку дена на настан по повод одбележувањето на 30 – годишнината од партнерството на УСАИД – Американска агенција за меѓународен развој со Северна Македонија, изјави дека корупцијата продолжува да го кочи напредокот на земјава.
-Намалувањето на корупцијата – е важно затоа што корупцијата во која било форма ја оневозможува оваа земја да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла, за кои знаеме дека може и треба да продолжи да ги постигнува. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија преку забавување на економскиот раст и поттикнување на најталентираните млади луѓе од земјата да бараат можности во странство, порача амбасадорката Агелер.
Во објавата не се наведени повеќе детали за тоа на кој начин ќе функционира овој Тим за санкции од Вашингтон и какви релации ќе има со македонските правосуднси органи коишто се занимаваат со коруцијата.