Тинејџер заедно со постара девојка за една ноќ обиле 17 автомобили во Скопје

За само една ноќ 18-годишен тинејџер и неговата успеале да ограбат вкупно 17 автомобили во скопската населба Шуто Оризари по што се приведени од полицијата. Освен за нив двајца кривични пријави се поднесени против уште две лица.

-Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за внатрешни работи Чаир до Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.И.(18) поради постоење основано сомнение дека сторил 17 кривични дела „тешка кражба“ казниви по чл.236 од Кривичниот законик, Ш.М.(26) поради постоење основано сомнение дека сторила 17 кривични дела „соизвршителство“ казниви по чл.22 од Кривичниот законик, С.И.(41) поради постоење основано сомнение дека сторил 16 кривични дела „прикривање“ казниви по чл.261 од Кривичниот законик и М.Б.(29) поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „прикривање“ казниви по чл.261 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Кражбите се извршени во 17 автомобили во ноќта меѓу 13 / 14.11.2020 година во патнички моторни возила низ населбата Шуто Оризари.

-Украдените предмети првопријавениот потоа ги продал на третопријавениот С.И., сопственик на отпад за секундарни суровини, и на четвртопријавениот М.Б. со што првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 83.300,00 денари, а причинил дополнителна материјална штета. Украдените предмети се одземени и се вратени на сопствениците.

Претходна вестИванов: Македонскиот народ го виде правото лице на Заев, сведоци сме на национално предавство
Следна вестСДСМ му одговори на Црвенковски: Секој има право на свое мислење дури и кога доаѓа после години молк