Двајца браќа од Флорида се уапсени откога еден од нив ја застрелал сестрата за време на расправија за божиќните подароци. Девојката (23) била застрелана во градите од својот брат тинејџер (14) додека го држела својот 10-месечен син.
По тоа, другиот брат (15) го извадил пиштолот и пукал во него. Полицијата соопшти дека до пукањето дошло за време на расправија за божиќните подароци, односно за тоа кој ќе добие повеќе од нив.
Шерифот Боб Гуалтиери им рекол на новинарите дека постариот тинејџер (15) побегнал од местото и го скрил пиштолот. Помладиот брат (14) е пренесен во болница и е во стабилна состојба, а по исполнување на условите, ќе биде преземен од полицијата.
Според првичните информации, расправијата почнала додека браќата пазареле со мајка им, но продолжила во куќата на баба им во град во близина на Тампа.