Тинејџер е тешко повреден во сообраќајка која што се случила вчера пред Собрание во Скопје. Тинејџерот се судрил додека возел мопед.
– Вчера во 20.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„11 Октомври, ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Даме Груев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од К.Д.(44) од Скопје и мопед „сим“, управуван од Д.К.(18) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.