Темно Режим Светло Режим

Ковачевски: Немаше потреба од интервенција на државата во Слупчане, кој не плаќал ќе мора да плати

Немаше потреба државните институции да интервенираат во селото Слупчане, липковско каде што граѓаните не им дозволуваа влез на екипите на ЕВН, смета премиеерот Димитар Ковачевски. Тој денеска, при посетата на Свети Николе, рече дека се работи за проблемот што го има приватна компанија.

– Не се работи за интервенција на државните институции, туку за работењето на приватна компанија. ЕВН е приватна компанија која е странска директна инвестиција и која има обврска да испорачува електрична енергија до секое домаќинство во државата како универзален снабдувач. Со оглед на тоа дека во посоченото место имаше проблем со наплатата и со диво приклучување во мрежата, компанијата заедно со надлежното Министерство за економија имаа разговори со градоначалникот на Општина Липково. Според кажувањата на компанијата, градоначалникот и на самите жители, тој проблем е надминат, рече премиерот.

Според Ковачевски, планот е екипите на ЕВН наскоро да влезат и да направат комплетен увид на тоа кој бил приклучен на диво и тој да биде исклучен. Ковачевски дополни дека „кој не ги платил сметките, ќе мора да ги плати“.

Премиерот Димитар Ковачевски не се согласува со ставот на јавноста дека институциите немаат контрола во сите делови на земјата, посебно во оние населени места каде што се избегнува плаќање на струја.

-Кој не плаќал ќе мора да ги плати, кој бил на диво приклучен ќе биде исклучен. Освен Слупчане и Арачиново има и други такви места каде што се решава работата затоа што никој никому не е должен да му плаќа на некој друг електрична енергија, истакна Ковачевски.

 

Претходниот Пост
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Тинејџер тешко повреден во сообраќајка пред Собрание

Следниот Пост

Најава од премиерот: Уставните амандмани за две недели во Собрание, вгодина прво претседателски, а потоа парламентарни избори