Темен режим Режим на светлина

Најава од премиерот: Уставните амандмани за две недели во Собрание, вгодина прво претседателски, а потоа парламентарни избори

Уставните измени наскоро ќе бидат поднесени во македонското Собрание, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Уставните измени ќе бидат поднесени во Собранието во текот на наредните две недели и ќе отпочне процес на дискусија согласно со процедура за истите во Собранието, таму кадешто и е местото, кажа Ковачевски денеска при посетата на Свети Николе.

Тој посочи дека избори нема да има наесен. Не одговори прецизно дали се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и дали има поддршка од опозицијата, но дециден беше на прашањето дали ако не се гласаат уставните избори, наесен би имало избори.

-Во земјава наесен нема да имаме избори. Изборите ќе бидат идната година, претседателски, па парламентарни. Процесот на уставни измени не е поврзан со мандат на Влада, тој е поврзан со европската интеграција на државата и обврска на секоја политичка партија е да ги поддржи европските интеграции. Кога ќе бидат разгледани амандманите на Уставот од страна на Владата, тие ќе бидат јавно соопштени и јавно објавени и тогаш сите граѓани ќе можат да се уверат дека се работи за технички аманмани со коишто нешто што веќе е факт во Уставот, според кажувањето на најголемите експерти во државата, ќе биде дополнително внесено во Уставот во делови на други народи коишто живеат во државата, кажа Ковачевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ковачевски: Немаше потреба од интервенција на државата во Слупчане, кој не плаќал ќе мора да плати

Следна објава
Владата упорно смирува, СДСМ упорно шири паника за поскапувања, има ли тука политичкото профитерство?

На едно семејство за минимални месечни трошоци му се потребни 48.543 денари