Тинејџер удрил во полициско возило, повредил полицаец и избегал

Тинејџер со мотор удрил во полициско возило, повредил полицаец и побегнал. Полицијата го пронашла и го уапсила во скопската населба Аердром.

– Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Л.В.(18) од Скопје вчера на подрачјето на Аеродром. Тој се сомничи дека во 10.55 часот на крстосница од булеварите „Партизански одреди“ и „Св.Климент Охридски“, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и удрил во патничко возило „дачиа“, сопственост на МВР, по што го напуштил местото, информира МВР.

Во незгодата со повреди се полициски службеник, по што бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Л.В. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Претходна вестСтана ли косењето трева најпрофитабилен бизнис во Македонија?
Следна вестКривична за чувар во „Идризово“ на кого му избега затвореникот кој потоа ограби обложувачница