Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, изјави дека законот за нефер трговски практики што ќе се најде пред пратениците, е системско решение што сме го немале досега, и ќе значи приближување кон Европската Унија.
Прашан дали очекува да биде создаден ред во маркетите со цените, Битиќи одговори дека веќе треба да е создаден редот, со оглед на тоа што реакциите на стопанствениците минатата недела биле позитивни и охрабрувачки.
– Некои компании самите излегоа и рекоа дека ќе ги задржат замрзнатите цени до 15 мај, и тоа е охрабрување дека наспроти се што се случуваше, стопанствениците знаат да бидат општетсвено одговорни. Законот е системско решение што сме го немале, и го немале ни во Европа. Тоа е ново решение според ЕУ директивите. Конечно ќе значи правиот пат кој сите го бараме, а тоа е патот кон ЕУ, изјави Битиќи.
Вицепремиерот вели дека Државниот пазарен инспекторат прави надзори и кога ќе воочи недоследности, постепено постапува, а веќе се издадени глоби на два супермаркети. Битиќи додава Владата ќе донесе мерки, дури кога се спротивни на принципите на пазарната економија, апелирајќи дека заеднички треба да се бориме во креирањето на бизнисот и политиките.