Тошковски: Изборите течат без проблеми, секое незаконито дејствие ќе има име и презиме и ќе одговара пред законот

Македонија денеска гласа. Граѓаните се изјаснуваат на претседателските и парламентарните избори. Од аспект на безбедносната состојба денешниот ден е стабилен. Ова го потврди техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Согласно информациите што ги имам од утринава, сите избирачки места се стабилни, отворени. Граѓаните можат да си го остварат своето право на глас во една мирна, фер и демократска атмосфера, рече Тошковски.

Тој повика на масовна излезност заради тоа што, како што рече, само така можеме да имаме европски избори кои ќе однесат таму каде што и заслужуваме да бидеме.

– МВР ги има сите човечки капацитети, технички ресурси потребни за да гарантираме еден фер и демократски изборен процес и притоа македонскиот граѓанин слободно, врз основа на сопствено убедување си го оствари своето право на глас, а секој еден кој ќе се обиде на незаконит начин да влијае било како во рамки на овој изборен ден треба да му биде јасно дека МВР во координација со надлежен јавен обвинител и судот ќе делуваат бескомпромисно. Секое незаконито дејствие од страна на секој еден поединец ќе има име и презиме и ќе одговараат пред законот, изјави Тошковски.

 

Претходна вестЃорческа со победа против подоброрангирана тенисерка стартуваше нa турнирот во Трнава
Следна вестНа Ќафасан спречен шверц на 53,3 кг. марихуана, крајна дестинација била Македонија