Тошковски го посети полицискиот службеник на кого пред неколку дена му изгоре семејната куќа

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Кратово го посети полицискиот службеник Зоран Стојановски на кого пред неколку дена во пожар целосно му изгоре семејната куќа.

Во пожарот тој и неговото семејство го изгубија сето она што целиот свој живот го градел со својата полициска плата, а покрај изгубениот дом нарушена е и нивната животна егзистенција, извести МВР.

Министерот Тошковски го увери Стојановски дека во овие моменти не е сам и дека ќе стори сè што е потребно во рамките на неговите можности со цел да се излезе во пресрет на неговите потреби во овие тешки моменти.

Претходна вестМилановиќ утре го објавува датумот на парламентарните избори: Пленковиќ е заштитник на крадците и корупцијата во Хрватска
Следна вестСпомен плочата од НОВ во центарот на Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба, за сторителите изречени законски глоби