Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во саботата на конвенцијата на еврејските републиканци вети дека, доколку биде реизбран, ќе ја врати забраната за влез во САД за граѓаните на земјите со мнозинско муслиманско население. На почетокот на неговиот мандат во 2017 година, Трамп воведе ограничувања за влез во САД на државјани на Иран, Либија, Сомалија, Сирија, Јемен, Ирак и Судан.
– Ќе ги држиме терористите на радикалниот ислам надвор од нашата земја, им се обрати Трамп на присутните на годишниот самит на Републиканската еврејска коалиција.
На почетокот на неговиот мандат во 2017 година, Трамп воведе ограничувања за влез во САД на државјани на Иран, Либија, Сомалија, Сирија, Јемен, Ирак и Судан. Забраната брзо беше оспорена на суд како дискриминаторска кон религиозните групи, но заедно со тврдокорната антиимиграциска агенда на Трамп, таа беше популарна со неговата изборна база.
Претседателот Џо Бајден ја укина таа забрана во неговата прва недела во Белата куќа во 2021 година.
Трамп беше еден од неколкуте истакнати републиканци кои се појавија на собирот на влијателни еврејски донатори за да изразат непоколеблива поддршка за Израел во неговата војна против Хамас.
На митинг во Лас Вегас, Невада, Трамп рече дека „ќе го брани нашиот пријател и сојузник во државата Израел како никој досега“. Конфликтот меѓу Израел и Хамас е „борба меѓу цивилизацијата и дивјаштвото, граѓанството и изопаченоста и меѓу доброто и злото“, рече Трамп. На митингот тој ја нападна администрацијата на Бајден, но исто така се воздржа од критикување на своите ривали.
Поддршката за Израел е од големо значење за двете страни во САД и е едно од ретките прашања на американската надворешна политика што игра улога во анкетите поради, меѓу другото, големиот број гласачи со еврејско потекло и важноста за христијаните евангелисти, за кои постоењето на еврејска држава е предуслов за „второто доаѓање“ на Исус Христос.