„Травијата“ под режисерската палка на Германката Верена Штојбер, вечерва во МОБ

„Травијата“ од Џузепе Верди е вечерва на репертоарот на Македонската опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска, а режијата е во рацете на Германката Верена Штојбер.

Главната улога на Виолета Валери ја толкува Наде Талевска, во улогата на Алфред Жермон ќе настапи Благој Нацоски, а во улогата на Жорж Жермон: Марјан Јованоски. Во останатите улоги ќе настапат Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски и Диме Петров.

И сценографијата и костимографијата се во германски раце: ги реализира Софија Шнајдер. Кореограф е Саша Евтимова. Настапуваат оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Претходна вестЗошто Владата и понатаму не објаснува што и одговорила на Бугарија?
Следна вестЌе го сечат ли дрворедот во Аеродром кај ОУ „Љубен Лапе“?