Треба ли во Комисијата за заразни болести да влезат и други доктори?

Најавените здравствени мерки од страна на министерот Филипче се уште се една од главните теми во јавноста. За многумина ти драконски кон невакцинираните лица и особено ги загрижува тоа што немаат епидемиолошко-здравствена логика. И добро ќе решеч јавноста не е стручна и не ги знае работите, но и познати македонски медицински експерти ги оквалификуваа новопрелдожените мерки на Комисијата за заразни болести и на министерот Филипче за промашени.

-Ако еден професор на медицински факултет вели дека и вакцинираните го пренесуваат вирусот и треба да се бараат други мерки, што тогаш ни расправа Филипче? Нека седне со тие експерти и нека преразгледа што треба да се прави, е еден од многуте слични коментари на социјалните мрежи.

А за потсетување еве што истакна завчера познатиот микробиолог Никола Пановски:

-Ова е лудост која нема никаква здравствена логика. Овие мерки не се ни уставни, ни законски и не можам да прифатам луѓе со висок број на антитела, прележани, дарители на крвна плазма кој спасуваат животи да не можат да одат на работа, да се тераат да се вакцинираат, изјави Пановски.

Пановски воедно објасни дека и вакцинираните ја шират болеста, „можеби повеќе бидејќи се асимптоматски, полесно поминуваат и повеќе шетаат“, додавајќи: „светот побудале и ние сите луди мерки од светот ги прифаќаме, паметните не баш“.

И не само тој. Реагираше и професорот – епидемилог Драган Даниловски:

– Една доза е исто како и ниедна во однос на заштитата од заразување со коронавирусот. И вакцинираните со две дози не се заштитени во голема мера од заразување, а кај нас се покажа дека таа заштита е околу 20 проценти. И мерката за прележаните да приложат потврда за прележан ковид-19 не постара од 45 дена е епидемиолошки неоправдана и бесмислена, потенцира Даниловски.

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија пак смета дека прележаните болни од Ковид-19 се драстично обесправени со новите антиковид мерки

Се јавуваа и други медицнински лица. Дали министерот Филипче и Комисијата за заразни заболувања предводена од доктор Жарко Караџовски ги слушнаа овие забелешки? Имаат време да сменат нешто во мерките пред да се донесат од Владата.

А се чини сега е време и да се смени нешто во Комисијата за заразни болести. Зарем таму не се потребни и нови лица кои ќе донесат и други погледи, ставови и начини на борба со вирусот? Македонија има кадар, само треба да се сакаат различни мислења. А се во интерес на подобра борба со вирусот.

Претходна вестНа Скопје му фали ред и поголема организираност, му фали подобар јавен превоз…
Следна вестГрад Скопје се приклучува кон иницијативата за одбележување на Светскиот ден на детето