Темен режим Режим на светлина

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори

Основниот граѓански суд Скопје донел решение со кое ќе се повтори постапката за Работничкиот дом кој со одлука на Врховниот суд треба да му биде одземен на Сојузот на синдикати на Македонија, информира попладнево претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

На прес-конференција, Трендафилов рече дека очекуваат ова прашање да се реши најбрзо што може.

– До 1 мај очекуваме приоритет на постапката и нова пресуда која ќе значи враќање на предметот на повторно одлучување пред пониските судови, пред првостепениот и Апелациониот суд, или укинување на пресудата на Врховниот суд и на таков начин враќање на Работничкиот дом на работниците, рече Трендафилов.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Доживотен затвор за убиецот што на свиреп начин усмрти жена во Кочани

Следна објава

Таравари: 800 евра минимална плата, економијата и емиграцијата бараат одговори