Тргнете си ги плакатите од улиците!

Изборите поминаа, ама лицата на оние кои се бореа за власт уште ги гледаме по улиците – на плакати и билборди. Од официјалниот крај на изборите, откако ДИК ги прогласи официјалните резултатати, поминаа веќе цели 17 дена. Изборните плакати, билборди и други материјали од кампањата која му претходеше на гласањето на 15 јули и натаму се на секој чекор. Партиите кои ги истакнале се уште не преземаат ништо да ги остранат иако тоа е предвидено за Изборниот законик.

Обврската наложува организаторите на кампањата изборниот смет да го остранат 30 дена по завршувањето на изборите. Тоа значи дека за оваа обврска им останува само уште нешто повеќе од десетина дена. Очигледно, партиите или ќе ги чекаат последните денови или пак воопшто нема да ги острануваат плакатите. Како што често правеа и на дугите избори.

Да потсетиме дека за ова има и казнети со глоба од 2.500 евра која е предвидена со Изборниот законик. Да потсетуваме ли дека такви казни ретко биле напишани?

Претходна вестКој ќе ја гушне лузната од откажаниот лифт на ГТЦ?
Следна вестДве семејства се тепале кај старата Градска болница