Три лица повредени во сообраќајка во близина на Влада

Три лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи вчера во 14:35 часот. Сообраќајката се случила на крстосницата од булеварот „Илинден“ и улицата „Климент Охридски“, во близина на Владата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајката се случила меѓу патнички возила „сеат ибица“, управувано од М.Л., родена во 2001 година и „фолксваген пасат“, управувано од Н.З., роден во 1973 година, двајцата од Скопје.

Возачот од „сеат ибицата“ и сопатникот Л.Г., роден во 2001 година од Скопје, биле пренесени во ГОБ „8 Септември“, каде од страна на доктор им била укажана лекарска помош и констатирани се телесни повреди, а возачот од „фолксваген пасат“ бил пренесен во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на доктор му била укажана лекарска помош и констатирани се телесни повреди.

Претходна вестВМРО-ДПМНE: ЈО веднаш да започне постапка, кај три од четирите компании кои го добија тендерот за надзор на автопатиштата има неправилности и криминал
Следна вестДетето кое побегна од дома за да биде уличен актер, а стана актерска легенда – Петре Прличко роден на денешен ден пред 116 години