Три пожари во гостиварско, во последново деноноќие

Изминатото деноноќие во гостиварскиот регион регистрирани се три пожари. Од непознати причини огнот причинил штети на една куќа во Гостивар, помошна просторија во селото Врбен и шума во атарот на селото Дебреше. Нема повредени лица во опожарувањата.

– Синоќа, нешто по 8 часот пријавен е пожар кој настанал во потпокривот од куќа на улица „Драге Тодоровски“ во Гостивар, сопственост на Н. С. (57) од Гостивар. Со интервенција на ТППЕ Гостивар пожарот е локализиран, а увид денеска извршила екипа од ОВР Гостивар. Во пожарот, причинета е само материјална штета. Доцна синоќа во СВР Тетово пријавен е шумски пожар во атарот на гостиварското село Дебреше на површина од над половина хектар., изјави за МИА Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Попладнето е регистриран и пожар во помошен објект во гостиварското село Врбен, во кој живеел С. Ж. (84). Интервенцијата на мештаните и пожарникарите спречила проширување на плевната која се наоѓала до објектот

Чадот од местото на пожарот на Шар Планина и утрово се гледаше, а од СВР Тетово потврдуваат дека огнот не е изгаснат и дека се преземаат мерки за локализирање на пожарот. На шумскиот пожар реагираа и граѓаните преку социјалните мрежи предупредувајќи на проширување и поголеми штети во подножјето на Шар Планина.

Од СВР Тетово упатија апел за поголема внимателност при употребата на грејни тела и пред сé кога се пали оган. Неповолната хидролошка состојба, значително го зголемуваат ризикот од појава на пожари на отворено.

Претходна вестВо Центар запрени 20 возачи кои немале возачка дозвола
Следна вестЗагрижено гледаме кон пандемијата и ветото, а релаксирани сме што децата ни се коцкаат, дрогираат…