Тринаесет лица се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа што се случи викендов на локалниот пат с.Брњарци–с.Стајковци, Скопско. Според информациите од МВР во несреќата учествувале три возила, „ауди“ управувано од малолетник од Скопје, „нисан“ управуван од И.Б.(35) од с.Страчинци и „ауди“ управувано од А.М.(30) од с.Никиштане, скопско.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.Б. и сопатниците од неговото возило Љ.Б.(25), С.Б.(62) и З.Б.(37), сите од с.Страчинци, а со телесни повреди се здобиле возачот А.М. и осум сопатници од сите три возила, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.