Пукање во скопско Батинци, еден застрелан и еден уапсен

Утрово, околу 11 часот, имало пукање во скопско Батинци. Според информациите на „Макфакс“, на пукањето претходела расправија. Едно лице, погодено од куршум, со иницијали Н. М., е пренесено во градската болница „Св. Наум Охридски“.

– Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лиши од слобода Е. Ч. (28) од Скопје,потврдиле од МВР за „Макфакс“.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава и приведениот ќе биде предаден на надлежното обвинителство.

Претходна вестСудскиот совет ги избрка камерите од седницата, ги деконцентрирале членовите
Следна вестТри возила се судриле во скопско Стајковци, повредени 13 лица