Тричковски стрелец во дерби пресметката на АЕК Ларнака и АПОЕЛ

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски одново ја затресе мрежата за АЕК Ларнaка во кипарското првенство, овој пат против АПОЕЛ во ремито од 2-2.

Искусниот голгетер натпреварот го започна од клупата, а шансата која ја доби во 72-та минута ја искористи само четири минути подоцна совладувајќи го противничкиот голман Белец, во тој момент изедначувајќи на 1-1.

За Тричковски тоа е шестти гол во кипарскиот шампионат оваа сезона.

Иако не е првотимец, тој е вистинскиот „џокер“ од клупата на тренерот на АЕК Ларнака.

Претходна вестИ во Бугарија протест на земјоделците
Следна вестВиктор Панчевски назначен за нов в.д. директор на ЈП Водовод и Канализација