Во понеделникот, триесет и седумгодишен кумановец е пренесен во болница. Тој тешко се повредил на работното место во скопската населба Илинден.
– На 23.10.2023 во 12.15 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен И.П.(37) од Куманово со тешки телесни повреди здобиени при извршување на работни задачи во склад на фирма во населбата Илинден. Излезено бил на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор, информираат од МВР.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.