Македонската женска ракометна репрезентација синоќа триумфираше во дуелот против Ангола со 28:24 и го продолжи настапот во втората фаза од Светското јуниорско првенство што се одржува во Скопје.
По поразот од Исланд, избраничките на Дарко Јанев одиграа одличен натпревар доминирајќи против Анголките низ сите 60 минути за сосема заслужена победа.
Македонија уште од 15 минута на мечот се стекна со предност која постојано ја одржуваше за да на полувремето замине со два гола позитива. Одлучувачка за победата беше серијата од 6-0 на почетокот од второто полувреме, кога македонските ракометарки стигнаа до предност и од 20-12. Се понатаму беше рутина за триумф на крајот. Емилијана Ризоска и Сара Стефаноска со по шест гола беа најефикасни во македонската репрезентација, а Ива Младеновска постигна пет гола.
Македонија во следната фаза нема да пренесе бодови. Во група со Португалија и Црна Гора, прв противник за македонската селекцијата е Португалија на 24. јуни (понеделник).