Тројца осуденици повредени во вчерашната пресметка во затворот во Идризово

Тројца осуденици се повредени во вчерашната пресметка во затворот Идризово во Скопје, соопшти МВР.

-На 26.06.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10.30 часот во затвореното амбулантно одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе осудени лица. При тоа со повреди се здобил Е.М.(26), додека С.Д.(43) и С.М.(29) се здобиле со повреди од остар предмет, се наведува во соопштението.

Тројцата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Претходна вестСпасувачка акција во охридско, извлечен странски турист кој се повредил на непристапен терен
Следна вестПроменливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи