Тројца ресенчани, краделе во фабрика

Уапсени се тројца ресенчани, кои краделе во фабрика. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

– Вчера, во 18.15 часот, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода Е. Ј. (27), Р. Р. (30) и Н. А. (26), сите од Ресен. Тие биле затекнати при извршување тешка кражба во фабрика на улицата Димитар Влахов во Ресен, при што одзеле повеќе предмети.Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, информираат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестБитолчанец без особен повод или причина, со нож прободел едно лице
Следна вестЖена се удави во Охридско Езеро