Битолчанец без особен повод или причина, со нож прободел едно лице

Битолчанец без особен повод или причина, на 24 јули, со нож прободел и расекол едно лице. Нему му е определен притвор од 30 дена.

Основното јавно обвинителство во Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело тешка телесна повреда.

– Осомничениот, на 24 јули пред куќа на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола, без особен повод или причина, со нож прободел и расекол едно лице во абдоменот, нанесувајќи му повреди на мускулатурата на предниот абдоминален ѕид и на тенкото црево, со што го довел во опасност животот на оштетениот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави и предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице, сметајќи дека постојат законски основи за притворска мерка. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Претходна вестСкопјанец допирал малолетничка во воз, па се самозадоволувал пред две жени
Следна вестТројца ресенчани, краделе во фабрика