Голготата на скопјани со бездомните кучиња продолжува, за што сведочи вчерашниот ден. Имено, вчера три лица пријавиле дека биле нападнати од бездомни кучиња во Скопје.
На 29.02.2024 во 09.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Ј.(27) од с.Инџиково, скопско, пријавила дека на ул.„8“ во с.Инџиково била касната од куче скитник.
На 29.02.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Карпош, С.К.(25) од Скопје пријавил дека на ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
29.02.2024 во 16.10 часот во Полициската станица Аеродром, Н.В.(31) од Скопје пријавила дека на ул.„69“ во Скопје била касната од куче скитник.