Три млади лица се уапсени вчеравечер во Тетово. Кај нив бил пронајден и одземен кокаин.
– Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер, околу 21.40 часот, на улицата Илинденска во Тетово ги лишиле од слобода 29-годишниот Х. Д., 32-годишниот Б. С., 33-годишниот И. А., тројцата од тетовска Мала Речица, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин, извести СВР Тетово.
Тие се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.