Тројца ја избегнале изолацијата, 845 лица не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие на 217 лицa им се издадени решенија за изолација, а 63 лицa потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека три лица не ги почитувале мерките.

По однос на мерката за неносење заштитни маски регистрирани се 845 прекршоци во Македонија.

Претходна вестКружен тек на улицата „Методија Шаторов“ во Аеродром е потреба, кога ќе се реализира?
Следна вестСтранците ќе можат да транзитираат низ Македонија