Тројца патници и возачот повредени во превртен автобус кај Битола

 

Автобус излетал од патот во битолскиот регион. Имено, четири лица се повредени во несреќата што утрово се случила во близина на Битола кога се превртел автобус со работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“.

Од полицијата, како што пренесува Макфакс, информирале дека во 6.28 часот било пријавено дека на излез од фабрика во близина на селото Жабени, Битолско, на пат за Битола, се превртел автобус со патници.

-До сега од несреќата како повредени со телесни повреди се пријавени тројца патници и возачот, а помош им е укажана во Клиничката болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола, велат од полицијата.

Претходна вестСо клечење и молење го „храбрат“ Брисел да ни дава празни ветувања
Следна вестГлумат загриженост, а всушност мислат само на својот интерес