Глумат загриженост, а всушност мислат само на својот интерес

 

Колумна на Владимир Величковски: 

Многу ветуваат, но без конкретизирање и осмисленост на проектите: тие се нереални, како и рекламните видео материјали, особено дуелите и дебатните емисии кои се неубедливи и дилетантски, слични на ученички вежби. Можеби ќе градат, но како: градовите се запустени, го изгубиле духот на местото. Лошата архитектура, како и монументите ги вознемирува луѓето, а градот го прават лошо место на живеење. Што ги мотивира луѓето, со најразлични (многу несоодветни) професии да прифатат кандидатура, повеќе партиска отколку независна? Во луѓето преовладува недоверба и невештите лажни ветувања зошто не виделе ништо добро. Не донесоа ниту промени ниту подобар живот. Нивните спротивставености и караници, неаргументирани обвинувања само ја покажуваат тажната слика на поделеност и неразбирање. Велат: ќе ја уништиме корупцијата и урбаната мафија, но како кога не се знае кои се носителите на оваа општествено зло? Тие, всушност, не мислат на градот, на поврзувањето меѓу градовите во оваа мала дезорганизирана земја. Глумат загриженост, а всушност мислат само на свој интерес, а партизираните институции делуваат самоволно без никаква контрола. Голем е јазот меѓу власта и народот. Во градовите не постои дух на критика, воздухот е застоен и загаден, нема атмосфера на големо творештво. Други ветуваат дека ќе го очистат градот, а забораваат дека прво треба да се направи генерален урбанистички план. Или, како може да се сплотат посебните „феуди“.

Старите делови од градот се деградирани, а малскиот живот речиси не постои, лошата архитектура вознемирува: младите се свртуваат кон модерни амбиенти на дружење и забава. Беда без достоинство, запишал драматургот Хајнер Милер. Лингвистите треба да го дополнат речникот на изрази на колумнисти и тн. со богат спектар простачки и вулгарни изрази, со разни форми на „говор на омраза“, на кои Маркузе им дава и сексуално значење. Ќе треснам: можеби е време за „народна кујна“, но тоа ќе чини па не ќе можат да краат и од тој извор.

Кој е патриот, а кој предавник во тешка провинција?! Повторуваат создади ја новата иднина, ќе создадеме брз развој, на градот му требаат фестивали, нешто да се прави со понижен и отфрлен народ, во амбиент на неправда и насилство! Како е можно во толку мала земја, толкава поделеност и неспособност да се решат, меѓу другото и проблемите на сиромаштијата? Кој може да гледа рамнодушно како децата нема да јадат, живеат во мизерија, а реформата бара дигитализација во образованието?

Многу задоцнето е прашањето: Каде понатаму? Дали народот е во право и кога молчи?! Што е со сексуалното образование на младите ? Имаат мобилки за „слободна љубов“ а тука е и градскиот парк (каде што “се губела невиност“). Како е можно никој да не претпостави што може да се случи во извидничкиот камп?!

Натрупаното ѓубре: горе црни и бели, корона маски, најгоре партискиот рекламен материјал.

Претходна вестТројца патници и возачот повредени во превртен автобус кај Битола
Следна вестЗа два месеци има над 40 илјади заразени со ковид, 10 илјади се вакцинирани со две дози