Тројца тешко повредени во верижен судир на три возила

Со тешки телесни повреди се здобиле три лица во верижна сообраќајна несреќа што се случила вчера изутрина кај село Песочан на магистралниот пат Кичево – Охрид, соопшти денеска МВР.

Во информацијата се наведува дека во незгодата учествувале патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(57) од село Порој, тетовско, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. М.(22) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Скопје.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „бмв“, Х.Х.(53) од Тетово, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со тешки телесни повреди се здобиле и возачот на возилото „бмв“ и сопатничката во истото возило, Х.Б.(24) од Тетово, кои биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид, се наведува во соопштението.

Претходна вестКомуналците во потрага кој фрлил шприцеви во контејнер кај СЦ „Борис Трајковски“
Следна вестВо Центар се казнуваат бучни кафе-барови, но дали само ако граѓани пријават?