Комуналците во потрага кој фрлил шприцеви во контејнер кај СЦ „Борис Трајковски“

Десетици употребени шприцеви биле фрлени во контејнерот за комуналeн отпад што се наоѓа блиску до спортската сала „Борис Трајковски“. Заради ова несоодветно фрлање на медицински отпад инспекциските служби во наредните денови ќе се обидат да го најдат сторителот на овој прекршок.

Во информацијата која денеска ја сподели Градот Скопје се наведува дека за ова ќе следи и санкција.

-Инспекциските служби во наредниот период ќе работат на пронаоѓање на лабараторијата која несоодветно го одложила медицинскиот отпад, по што ќе биде санкционирана, велат од Градскиот инспекторат со поддршка на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“.

Фрлените шприцеви вчера ги преземаа специјалните служби на ЈП „Дрисла“ кои со специјална опрема го превзедоа медицинскиот отпад и истиот го транспортираа до депонијата каде ќе биде соодветно третиран.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат животната средина и јавните површини од загадување, а отпадот од домаќинствата да го одлагаат исклучиво во контејнерите наменети за комунален смет.

Претходна вестИ Заев и Пендаровски повикуваат на заедништво и рамноправност, но колку работат на тоа?
Следна вестТројца тешко повредени во верижен судир на три возила