Целосно вакцинирани се над 700 илјади граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 778.408 граѓани, информираат од Министерството за здравствo.

Прва доза вакцина вчера примиле 1.624 граѓани, а во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 7.518 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 1.482.287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703.878 граѓани.

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18, a до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Децата од 12 до 18 -годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, потсетуваат од ресорното министерство.

Претходна вестГлавната улица „Македонија“ изгледа како дел од запуштена паланка, а не од главен град
Следна вестОд понеделник ќе се дава трета доза вакцина – тоа ќе биде „Фајзер“