Од понеделник ќе се дава трета доза вакцина – тоа ќе биде „Фајзер“

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“, без разлика со која вакцина претходно се вакцинирале граѓаните и без разлика дали претходно се вакцинирале во друга држава.

Препораката за трета доза, според Филипче, е за граѓаните над 60 години, кај здравствените работници и кај сите пациенти со имунокомпромитирани состојби. Третата доза вакцина ќе се прима најмалку 6 месеци по примената втора доза.

Процесот ќе почне од понеделник, а граѓаните од овие категории преку системот „Мој термин“ ќе добијат СМС-порака дека можат да ја примат третата доза вакцина.

-Согласно сознанијата, таа треба да биде од производителот „Фајзер“, а ќе видиме понатаму дали ќе има препораки од други производители, изјави Филипче.

Тој најави дека ќе стигне и донација од 250.000 дози од вакцината „Џонсон и Џонсон“ од Данска, која се дава во една доза, со рок на траење до 2023 година.

Тој изјави дека засега 37 проценти од населението во државата има примено барем една доза вакцина.

Претходна вестЦелосно вакцинирани се над 700 илјади граѓани
Следна вестПриведена скопјанка што крадела во Гази Баба