Возилото „цитроен Ц4“ е речиси целосно уништено по силниот удар во дрво на улицата „Рузвелтова“ во централното градско подрачје. Сообраќајката се случила попладне околу 16.30 часот.
Од силината на ударот две лица се тешко повреди.
– Во 16:38 пријавена е сообраќајка меѓу автомобил Цитроен и Опел. До сега две лица се пренесени во ургентен, велат од МВР.
Истрагата се уште е во тек.
-Очигледно е дека возилото брзо се движело. Не знам од кои причини скршнало од патот и удрило во дрво, ни изјави еден граѓанин кој бил на лице место и ни ги достави фотографиите од удесот.
Тој наведува дека среќна е околноста што возилото удрило во дрво бидејќи, доколку продолжило да се движи, ќе удрело во блиската аптека на „Зегин“ или казиното во нејзината близина. Од силината на ударот уквално биле „изметени“ повеќе заштитни столпчиња на тротоарот и блокатори за паркинг-места.