Во пресрет на туристичката сезона во Црна Гора здравствените протоколи се финализирани, а Владата донесе одлука за обезбедување болничко лекување на странските туристи што ќе се разболат од Ковид-19 за време на престојот во таа земја да се лекуваат на трошок на Црна Гора.
ПЦР-тестот, во случај да им треба на туристите за враќање во матичната земја, ќе се изврши непречено во Црна Гора на два паралелни начина – едниот ќе биде организиран со помош на Институтот за јавно здравје на Црна Гора и ќе се изведува бесплатно, а туристите ќе имаат можност да прават тестови и во приватни лаборатории, додаде министерот.
Сите хотелиери ќе треба да одвојат 10 проценти од своите сместувачки капацитети за можни случаи на Ковид-19.
Само потсетување, дека Црна Гора ги укина сите ограничувања (ПЦР тест, карантин) за нас во пресрет на летната сезона, исто како и за граѓаните на Србија, Хрватска, БиХ, Русија, Белорусија, Украина и Албанија.