Се поправа дефект на водоводна мрежа во Центар, делови од утрово се без вода

Поради отстранување на дефект корисниците од неколку улици во Центар ќе останат без вода, извести ЈП Водовод и канализација – Скопје.

-Како разултат на планирани работни активности за отстранување на дефект на затворачи од Ф-300 мм на бул. Св.Кирил и Методиј (до мисијата на ЕУ) во населба Центар, на ден 09.05.2021 год.(недела) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на следните улици: дел од ул.Мајка Тереза, дел од ул. Шарски Одреди, дел од бул. Св.Кирил и Методиј, дел од ул.Даме Груев, дел од ул.Димитрија Чуповски и дел од бул. Св.Климент Охридски, се наведува во известувањето.

Водоснабдувањето е прекинато од 08:30 часот и ќе трае до завршување со поправките, велат од Водовод.

Претходна вестПовеќето не носат маски, отколку што шетаат во полициски час
Следна вестЦрна Гора: Ако турист се разболи од ковид, болничкото лекување е на трошок на државата