Турчин приложил фалсификуван зелен картон на Деве Баир

Регионалниот центар за гранични работи Исток, поднесе кривична пријава против У.С.(49) од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.

На 02.03.2023 на граничен премин Деве Баир, пријавениот на увид приложил фалсификуван зелен картон за осигурување од автоодговорност за влекач од товарното возило кое го управувал.

Претходна вестКај охриѓанец најдени 331 парче пиротехнички средства
Следна вестМаж нападнат од сосед во Кондово