Турканиците пред шалтерите на МВР за лични документи кулминираат, се кршат и влезните врати

Турканиците и незадоволството на граѓаните пред шалтерите на МВР за подигање на личните документи не стивнуваат. Редиците стануваат се подолги, се повеќе се чека не само да се дојде на ред за фотографирање, туку и за подигање на готови документи во пунктот на МВР лоциран во објектот на Македонската телевизија. Таму, вчера кулминираше незадоволството на граѓаните.

На социјалните мрежи од вчера се споделува видео од просториите на МВР во МРТВ, каде граѓаните се туркаат, викаат и се расправаат за да ги подигнат личните документи. Притоа може да се види како е искршена и откорната вратата од просториите.

МВР потврди дека имало инцидент на шалтерите за подгинување документи, за што е осомничен 50-годишен граѓанин.

-Денеска во 13.35 часот во објектот на Одделот за управни работи во зградата на МРТВ е констатирано нарушување на јавниот ред и мир од А.А. (50) и сочинет е Записник за констатиран прекршок, соопшти МВР.

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Сител изјави дека ова што им се прави на граѓаните е срамота и дека побарал рокот да се одложи до септември или октомври.

Прашан за оваа идеја на Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, рече дека ќе се разговара на владина седница.

Инаку, до сега Владата беше глува на масовните аргументирани барања на граѓаните – наметнатиот ултиматум да се одложи за една година. Па така целиот процес полека стана измачување и понижување за оние кои чекаат со часови на ладното време или на дожд за во личните документи да го стават омилениот збор на власта – северна.

Претходна вестЦУК: Во пожар најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице во Општина Аеродром
Следна вестМилошоски: Нови судии и обвинители веќе се распределени 45 на СДСМ, 25 на ДУИ, 20 на АА, 10 од помалите партии