Tурска државјанка фрлала со столици и нападнала полицајци на скопскиот аеродром

Јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор против 36-годишна државјанка на Република Турција против која е поведена постапка за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.

Странската државјанка, на 8 април пристигнала на Меѓународниот аеродром Скопје со лет од Истанбул, но при пасошка контрола било констатирано дека не исполнува општи услови за влез во државата.

Полициски службеници ја упатиле во меѓузоната на аеродромот за да го чека следниот лет за враќање во Истанбул. Меѓутоа, таа станала агресивна, започнала да се заканува на аеродромското обезбедување, фрлала со столици, по што неколку полициски службеници морале да интервенираат. Осомничената продолжила и нив да им се заканува и да ги навредува, а еден полицаец физички го нападнала и го удрила.

Предлогот за определување мерка притвор е поднесен поради опасност од бегство.

Претходна вестПендаровски за Рамазан Бајрам: Сплотени да споделуваме визија за благосостојба, просперитет и развој на нашата заедничка татковина
Следна вестСилјановска Давкова: Со најубави и искрени желби им го честитам претстојниот празник Рамазан Бајрам на сите верници на исламската вероиповед