Силјановска Давкова: Со најубави и искрени желби им го честитам претстојниот празник Рамазан Бајрам на сите верници на исламската вероиповед

Кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, професроката Гордана Силјановска Давкова, утрово упати честитка по повод големиот празник Рамазан Бајрам.

-На сите верници и припадници на исламската вероиповед им го честитам претстојниот празник Рамазан Бајрам!

-Со најубави и искрени желби ви пожелувам Празникот да го поминете во мир, радост и среќа, опкружени во вашите домови со своите роднини и пријатели, во духот на слогата, разбирањето, почитта и соживотот за доброто на нашата заедничка и ГОРДА МАКЕДОНИЈА!, напиша Силјановска Давкова.

Претходна вестTурска државјанка фрлала со столици и нападнала полицајци на скопскиот аеродром
Следна вестКазнети 151 возач во Скопје, 13 возеле без возачка