Турски државјани нелегално граделе во Македонија

На 11.04.2023 од страна на ИСР Битола при РЦ за ГР Југ во заедничка акција со Државниот инспекторат за труд, на градилиште во Битола се затекнати три лица турски државјани, како извршуваат градежни работи без да поседуваат работни дозволи.

Од страна на ИСР странските државјани се приведени, против нив се поднесени прекршочни пријави и изведени пред Судија за прекршоци.

Од страна на Државниот инспектор за труд се превземени соодветни мерки против изведувачот на градежните работи.

Претходна вестВршел јавен превоз без лиценца, кривична за маж од Тетово
Следна вестПолицијата најде марихуана и кокаин кај охриѓанец