Уапсен вработен во здравствен дом во Србија, внесувал лажни податоци за вакцинација

Полицијата го привела М.Х.(22), вработен во Здравствениот дом во Инџија, соседна Србија, поради сомнение дека внесувал лажни податоци за повеќе лица во централизирана електронска база на податоци во која евидентирал дека примиле вакцини, иако било утврдено дека немаат доказ за ова.

Тој се товари за злоупотреба на службената положба, од август 2021 година до средината на април 2022 година, соопшти српското МВР.

Под сомнение за сторено кривично дело поттикнување приведени се Н.Х.(1977), Г.Р.(1968) и вработени во Здравствениот дом во Инџија Д.М.(1977) и Ј.Г.(1971), а против една 25-годишна девојка ќе биде поднесена кривична пријава.

Претходна вестНејасна е упорноста со која се турка носењето на Законот за игрите на среќа и покрај претседателското и европско „Не“, велат од АСОМ
Следна вестУчество на претседателот Пендаровски на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана