Уапсен 16-годишник, нападнал и ограбил битолчанец

104

Денеска во 03.50 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Битола заради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” казниво по член 237 ст.1 од КЗ, извести МВР.

– Имено, малолетникот на 13.12.2023 во 03.20 часот на ул.„Партизанска“ во Битола физички го нападнал Д.С.(68) од Битола и му го одзел паричникот. Малолетникот во присуство на родител е приведен во полициска станица Битола, при што во целост го признал кривичното дело, а украденото е вратено на сопственикот, соопшти МВР.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестХеликоптер на Македонската Армија принудно слетал кај Коњари
Следна вестПри претрес кај охриѓанец пронајдени 107 куршуми