20-годишен тетовец се обидел да изврши обљуба врз малолетно девојче. Тој бил уапсен денес.
– Полициски службеници на СВР Тетово, денеска (13 април) околу 12 часот и 50 минути на улица „Илинденска“ во Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец В.Л. Toj половина час пред тоа бил пријавен од 34-годишен тетовец дека вчеравечер (12 април) се обидел да изврши обљуба врз малолетната ќерка на пријавителот, соопштуваат од СВР Тетово.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветна пријава.