Пендаровски е цврст: Потпишувањето указ за коридорите зависи од мене, не од партиите

Предложените законски измени поврзани со коридорите 8 и 10 д предизвикаа цунами во македонската јавност. Се планира со закон да се направи странци да се над законите, а работниците од Македонија да се скоро па робови. Граѓаните очекуваат на ова да се каже – СТОП.

Ако мнозинството во парламентот биде глуво на опомените од граѓаните, синдикатите, опозицијата… и ги изгласа измените, алатка да се каже СТОП има Претседателот Стево Пендаровски. Ќе го стори ли тоа?

-За давање указ за важење на законите, не примам совети од никого, а најмалку од политичките партии, рече денеска Пендаровски.

Тој воедно објасни дека кога ќе ги донесат законите во конечна верзија во парламентот, тогаш ќе седне со својот правен тим да видат дали има основа за такво нешто.

За потсетување: Претседателот Пендаровски во 2021 година го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Македонија. Тогаш од Државната комисија за спречување на корупцијата побараа претседателот да не го потпишува Указот. Антикорупционерите пред две години велеа дека постои висок ризик од корупција и како што беше посочено од нив – тоа е правен преседан.

Претходна вестБиткоинот повторно вреди повеќе од 30 илјади долари
Следна вестУапсен 20-годишник, се обидел да силува малолетно девојче