Биткоинот повторно вреди повеќе од 30 илјади долари

Поради финансиската криза во светот и проблемите на големите банки, инвеститорите повторно се насочуваат кон криптовалутата биткоин. По ужасната 2022 година, или „криптозимата“, инвеститорите гледаа како вредноста на оваа дигитална валута незапирливо паѓа и во тој процес „испарија“ повеќе од 31.000 долари по биткоин.

Најпопуларната криптовалута влезе во 2023 година со вредност од 16.605,10 долари, што е импресивна бројка но вистинска катастрофа во споредба со нешто повеќе од 47.000 долари, што беше најголема вредност во 2022 година.

Сепак, се чини дека работите се подобруваат, бидејќи од почетокот на годината е забележано речиси континуирано зголемување на вредноста, па така 1 биткоин вреди 30.017,40 долари, или 82 отсто повеќе отколку на 1 јануари. Всушност, криптовалутата моментално е на највисока вредност од јуни минатата година.

Се разбира, ова не е ни приближно до историската вредност од ноември 2021 година, кога беше неопходно да се издвојат речиси 67.000 долари за 1 биткоин.

Претходна вестРегистерска табличка продадена за рекордни 15 милиони долари
Следна вестПендаровски е цврст: Потпишувањето указ за коридорите зависи од мене, не од партиите